Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Тешко е повреден 61-годишен кумановец кој запрел автомобил поради дефект.
Повреден е и возачот на „цитроенот“ што удрил во него.
Шеесет и едногодишен кумановец е тешко повреден откако во него удрил автомобил вчера околу 10:15 часот на автопатот Скопје-Куманово, во атарот на селото Романовце, кумановско. Тој претходно го запрел своето возило поради дефект.
„Цитроен“, управуван од П.Т. (44) од Куманово, удрил во Н.М. (61), а потоа во неговиот запрен „фолксваген пасат“. Двете возила имале кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата телесни повреди добил и возачот на „цитроенот“. Повредите на двајцата биле констатирани во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа на СВР Куманово.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.