Редакција: Куманово.мкИспрати тема

Мени на Куманово.мк

Редакција:Куманово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Спасовски: Власта го одби предлогот за 100 милиони денари за комунални возила во Куманово

Фотографија објавена на јавниот профил на Оливер Спасовски
Фотографија објавена на јавниот профил на Оливер Спасовски

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски праша зошто власта го одбила амандманот со кој неговата партија побарала 100 милиони денари за кумановското ЈП „Чистота и зеленило“, додека Општина Куманово донела одлука да се задолжи за истата сума.

Со амандманот на Предлог-буџетот за 2027 година, СДСМ побарал средства за 10 камиони со капацитет над 10 тони за собирање и превоз на отпад, пет помали специјализирани камиони и осум мобилни машини за метење на улиците. Целта на набавката била кумановци да добијат подобри комунални услуги, почист град и подобри услови за живот.

Според Спасовски, Државниот инспекторат за локална самоуправа утврдил неправилности во постапката за донесување на општинската одлука за задолжување. Пратеникот порача дека на кумановци им треба јавно претпријатие што добро функционира и дека со јавните пари мора да се управува одговорно.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.