Проектот го спроведува Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со поддршка од Министерството за односи меѓу заедниците. Предвидено е во активностите да бидат вклучени 150 ученици и 150 наставници.
Во рамки на проектот, во ООУ „Братство – Миѓени“ во Тетово се одржаа работилници за ученици од петто до деветто одделение и за наставници. Учениците разговараа за предрасудите, емпатијата, солидарноста и последиците од исклучувањето и дискриминацијата, а наставниците за приспособување на наставата и поддршката за секој ученик.
Активностите опфатија и теми поврзани со учениците со попреченост и можностите за асистивна технологија. Како дел од проектот е подготвена и едукативната брошура „Различни, но сепак заедно“.
Проектот се реализира во Тетово, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Гостивар и Струга.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.