Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници ги доделија признанијата по повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителите. Наградените се од предучилишното, основното и средното образование.
Признанието за Станковиќ – Битрак е доделено постхумно. Тој бил дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓони“ во Куманово и во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје.
Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Според Јаневска, Сојузот ги избрал наградените врз основа на нивните резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.