Волонтерот раскажа дека се смееле додека си ги следеле потезите и дека со секој нов круг играта станувала поопуштена. „Најмногу ми остана во сеќавање начинот на кој се радуваа на секоја игра и колку им значеше да имаат соговорник и партнер на маса“, рече тој.
За него, средбата била потсетник дека понекогаш е доволно да одвоиш време за разговор или за игра за да покажеш дека ти е важно како се чувствува некој. Со ваквите посети кумановскиот Црвен крст поттикнува почит и солидарност кон повозрасните сограѓани и порачува дека грижата за нив треба да трае цела година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.