Матео ги сподели активностите во кои учествувал, како и искуствата и знаењата стекнати во текот на проектот. Од „Креатор“ ја поврзуваат оваа презентација со пораката дека младите можат да бидат носители на позитивни промени во својата средина.
Здружението нагласува дека различните јазици не ја менуваат заедничката порака: грижата за животната средина ги обединува сите. Презентацијата беше можност таа порака и искуствата од ЕкоПатрола да стигнат до учениците што следат настава на албански јазик.
Во организацијата помогна професорката Емилија Јакимовска, која ја поддржа и овозможи презентацијата во училиштето.
Од „Креатор“ најавуваат посети на уште две училишта, со желба да ги поттикнат младите, да учат едни од други и заедно да придонесуваат за позитивни промени.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.