Најважно
Најважно
Редакција: Куманово.мкИспрати тема

Мени на Куманово.мк

Редакција:Куманово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Меѓу 80 ученички творби избрани наградените за „11 Ноември“ во Куманово

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Ученички поетски и прозни дела, избрани во конкуренција од 80 литературни творби, беа наградени на традиционалната манифестација „11 Ноември“ во Занаетчискиот дом во Куманово.

На конкурсот пристигнаа творби од ученици од кумановските основни и средни училишта, како и од други градови во земјава. Наградените дела ги избра стручната комисија на здружението на писателите, а на учениците им беа доделени благодарници и признанија за нивниот придонес и ангажман во книжевноста.

Од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во Куманово, Стефанија Арсовска го доби признанието „Ноемвриско перо“, Ведран Величковски ја освои првата награда, Леа Трајковска втората, а Миа Јовановска третата награда. Учениците работеа под менторство на професорите по македонски јазик и литература Гоце Трајковски и Сандра Стојковска.

Од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово, Бруно Ивановски ја освои првата награда, Каја Трајковиќ втората, а Евалин Дурова третата награда. Нивна менторка беше професорката Лидија Тасевска. Меланија Цветковска го доби признанието „Ноемвриски пламен“, под менторство на професорката Гордана Лазаревска.

Наградените ученици настапија пред публиката со своите литературни творби, под водство на нивните ментори. Свеченоста беше придружена со културно-уметничка програма.

Манифестацијата ја организираше Здружението на друштво на писатели Куманово, со поддршка од Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.