Претставата ќе се игра на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар.
Во режија на Јани Бојаџи, според текст на Сашко Насев, црната комедија и сатира ги обработува општествените и политичките состојби во Македонија, со фокус на транзицијата, семејните односи и општествените промени.
Во актерската екипа се Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски и други актери од кумановскиот театар. Јубилејната програма се одвива под мотото „Еден е Драмски!“. Во текот на годината во Драмскиот театар гостуваа националните театри од земјава.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.