На саемот учествуваат производители од Куманово, Скопје, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Штип. Настанот е во организација на П.З. „Пчела“ – Куманово, со поддршка од општинското Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска. На присутните им се обратил и претседателот на Пчеларското здружение „Пчела“, Бобан Стошевски, кој им посакал успешни и пријатни саемски денови на учесниците и посетителите.
Саемот се одржува од 1 до 3 октомври 2026 година на градскиот плоштад во Куманово.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.