„Органска трпеза“ е деветти меѓународен саем на органски и традиционални производи, а „Агромак“ е петти меѓународен саем за земјоделство, технологија, храна и преработки.
На свеченото отворање присуствувале претставници на локалната и државната власт, производители, земјоделци и стопанственици од регионот. Според објавата, поддршка за развојот на земјоделскиот сектор дал и министерот за земјоделство, сточарство и водостопанство Борче Серафимовски.
Манифестацијата ја отворила претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која ја истакнала важноста на земјоделството за економскиот развој и просперитетот. Целта на саемите е поврзување на производители, компании, институции, образовни и научни установи, туристички организации и локални заедници, со создавање можности за соработка и развој.
Во рамки на саемите има и Агро-детско катче со едукативни, креативни и забавни активности за здрава храна, природа, земјоделство, пчели, растенија, животни и локална традиција. Во текот на денот била посетена и манифестацијата „Денови на мед 2026“ на градскиот плоштад, посветена на пчеларството, пчелните производи и традицијата во регионот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.