Фотографија објавена на јавниот профил на Максим Димитриевски
Втората фаза опфаќа и отстранување на стариот асфалт.
Во претходната фаза беше изградена пешачка патека од 2.000 квадратни метри.
Почна втората фаза од реконструкцијата на улицата „425“ во кумановската населба Иго Тричковиќ. На дел од улицата ќе се изгради потпорен ѕид за да се зацврсти теренот и да се зголеми безбедноста.
Работите опфаќаат и отстранување на стариот асфалт. Во претходната фаза веќе беше обновен дел од улицата, каде што беа поставени 5.400 квадратни метри нов асфалт и беше изградена пешачка патека од 2.000 квадратни метри.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.