Најважно
Најважно
Редакција: Куманово.мкИспрати тема

Мени на Куманово.мк

Редакција:Куманово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ го остави Куманово да тоне во ѓубре

Фотографија објавена на јавниот профил на Оливер Спасовски
Фотографија објавена на јавниот профил на Оливер Спасовски
  • Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за натрупаниот отпад во Куманово.
  • Како примери ги посочи преполните контејнери, отпадот по улиците и запуштените градски гробишта.
  • „Бране, Спасовски и СДСМ изградија и реализираа проекти за Куманово.

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за натрупаниот отпад во Куманово. Тој рече дека партијата е пет години на власт и дека нејзин кадар раководи со ЈП „Чистота и зеленило“, а градот никогаш не бил во толку лоша состојба.

Според Спасовски, локалната власт го зголемила надоместокот за комунален отпад со ветување за подобра хигиена, но кумановци плаќаат повеќе за сѐ полоша услуга. Како примери ги посочи преполните контејнери, отпадот по улиците и запуштените градски гробишта.

Спасовски порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто дозволила да се натрупа отпадот, наместо да прашува кога тој се сетил на Куманово. „Бране, Спасовски и СДСМ изградија и реализираа проекти за Куманово. А вие, ВМРО-ДПМНЕ, не можете ни да го одржувате она што е направено!“, рече тој.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.