Во пакетот амандмани за културата се предлагаат и реконструкција на безистенот и објектот Парк во Битола, поддршка за културни проекти, заштита на културното наследство, Агенцијата за филм и подобрување на материјалниот статус на вработените во културата.
Меѓу другите предлози се електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство, поддршка за жртвите, лицата со попреченост и борците, како и апликација за проверка на возраста и родителска контрола за пристапот на децата до социјалните мрежи.
Амандманите предвидуваат и средства за набавка на мамографски апарати, со цел унапредување на здравствената заштита и проширување на можностите за рано откривање малигни заболувања. Предложени се и поддршка за малите и средните претпријатија и за научноистражувачката дејност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.