Одбележувањето се одржа под мотото „Потомци на Мисирков“, со свечена седница во Занаетчискиот дом. Учениците и наставниците подготвија културно-уметничка програма посветена на патронот на училиштето.
Директорката во своето обраќање го нагласи значењето на долгогодишната образовна традиција, постигнатите резултати и посветеноста на наставниот кадар во воспитно-образовниот процес.
По повод патронатот, делегации на Советот на Општина Куманово и на Секторот за образование положија свежо цвеќе пред бистата на Крсте Мисирков, во чест на неговиот придонес за македонскиот јазик и идентитет.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.