Фотографија од настанот · Кирил и Методиј Романовце — Куманово
Театарот „Отпишани“ ја изведе „Најдобриот непријател“ во Агино Село.
Авантурите на Соник и лавот Мики обработуваат другарство и емпатија.
Патувачкиот театар „Отпишани“ на 13 ноември ја изведе „Најдобриот непријател“ пред децата во подрачното училиште во Агино Село, при „Кирил и Методиј“ од Романовце, Куманово. Комедијата преку авантурите на Соник и лавот Мики ги обработува другарството и решавањето конфликти без агресија.
Едукативната содржина на претставата е насочена и кон емоционалната интелигенција, односно разбирањето и управувањето со емоциите, како и кон емпатијата. Преку приказната за двата лика, на децата им се приближуваат вредностите на добрината, простувањето и соработката.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.