Фотографија од настанот · Музеј Куманово — Куманово
Изложбата „Кумановски ликовни уметници 2026“ беше тема за ученичкото творење.
Менторка на учениците беше професорката Марина Цветановска Мартиновска.
Ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“ создаваа сопствени ликовни творби на теми од актуелната изложба „Кумановски ликовни уметници 2026“, на работилница во салонот на уметничката галерија во Куманово.
Изложените уметнички дела им послужија како инспирација на учениците, кои преку слободно творење ги развиваа своите идеи. Во работата ги водеше професорката Марина Цветановска Мартиновска, како менторка на ликовната работилница.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.