Покрај локалниот говор, учениците го претставија градот и преку своите истражувања. Четвртоодделенците од ООУ „Христијан Карпош“ настапија со творби за Куманово и претставија мапа на градот, изработена на претходно одржана работилница како дел од нивната истражувачка мисија.
Ликовниот дел од настанот го сочинуваа творби на ученици од СОУ – Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово. Во програмата имаше и водител, покрај учениците што ги читаа своите творби.
Библиотеката го поврза одбележувањето на Денот на градот со неговото минато, историја и традиција, нагласувајќи ги заедништвото и вредностите што го градат Куманово.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.