Кај споменикот, со децата се разговараше за важноста на слободата, храброста и пожртвуваноста, како и за почитта кон луѓето што оставиле значаен белег во историјата на градот. Посетата им даде можност непосредно да набљудуваат дел од историското и културното наследство на Куманово и да поставуваат прашања.
По посетата следуваа ликовните активности. Со бои и детска фантазија, децата го претставија својот град, продолжувајќи ја темата на работилницата преку творештво.
Од „Ангел Шајче“ посочуваат дека со ваквите активности настојуваат да ги негуваат љубовта кон родниот крај, почитта кон минатото и чувството на припадност. Целта е и децата да развиваат свест дека се дел од сегашноста и иднината на својот град.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.